ВИДЕО – Талески : Вештачкото езеро во Прилеп ќе се полни со вишокот од „Студенчица“

Прилепското вештачко езеро ќе се надополнува со вишокот количини на вода од регионалниот водовод „Студенчица“. Владата на денешната седница донесла заклучок со којшто се задолжува ЈП „Студенчица“ Кичево да го пренасочи и отстапи вишокот на вода од изворот за полнење на акумулацијата Прилеп. Раководителот на подружницата „Прилепско Поле“, Звонко Талески истакна дека За сезоната за наводнување 2019 година немало да има проблеми со наводнувањето на земјоделските површини, со заеднички напори на АД Водостопанство, подружница Прилепско поле Прилеп, ЈП „Водовод и канализација“ Прилеп, ЈП „Студенчица“ Кичево и Владата обезбедиле доволни количества вода за наводнување на земјоделските површини.

 

 

„Во моментов акумулацијата располага со 1.370.000 метри кубни вода, очекуваме уште минимум 1 милион метри кубни, зависност од вишокот на издашност на вода во изворот „Студенчица“.Во овој момент издашноста на „Студенчица“ е добра, односно околу 300 литри во секунда има вишок, така што очекуваме да добиваме од 200 до 300 литри во секунда секој ден во наредниов период. Очекуваме околу 1 милион до 1,5 милионии метри кубни од „Студенчица“ во наредниве 2 месеци. Планираме да се соберат околу 3 милиони метри кубни вода. Ќе има вода за минимум 4 до 5 наводнувања во сезоната 2019“, истакна Талески.

 

Инаку акумулацијата се полни од 4 тиролски зафати и 4 реки. Сега во нареднио период таа ќе се полни комбинирано.

 

„Воедно, сакаме да ги информираме водокорисниците дека во наредните денови започнуваме со склучување на унифициран договор за снабдување со секој заинтересиран водокорисник за сезоната за наводнување 2019 година. Исто така апелираме до водокорисниците да се придржуваат на распоредот за монтажа на вентилите која е во тек, а се со цел да нема непотребни губитоци на вода. Лани склучивме 2.700 договори за наводнување“, додаде Талески.

 

Инаку целиот проблем со водата во вештачкото езеро настана лани, кога поради замена на темелниот испустен вентил езерото беше комплетно испразнето. Вентилот не се замени, а езерото остана празно. Поради тоа имаше големи критики од опозицијата и земјоделците кои стравуваат дека нема да има дововолно вода за наводнување ова лето. Сега вентилот е планирано да се замени оваа есен.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи