Членови на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ за Велигден ја посетија пропаста „Маркова Кула“ над с. Беловодица

Како и секој Велигден така и оваа година Спелеолошкиот клуб „Златоврв“ од Прилеп традиционално врши истражување на пештери. Оваа година 5 члена екипа од клубот ја посетија пропаста „Маркова Кула“ која се наоѓа над селото Беловодица.

 

„Од рудникот над село Беловодица, каде го оставивме возилото, за отприлика еден час пешачење дојдовме до влезот на пропаста. Направивме пауза и се подготвивме за спуштање. Го поставивме системот и еден по еден слеговме внатре. Влезниот дел е вертикала од околу 30 метри, кој води кон прекрасна просторна сала богата со различни пештерски украси (сталактити, сталагмити, драперии, сливови)“, истакна Дарко Неданоски, спелеолог, член на Спелеолошки клуб „Златоврв“ – Прилеп.

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

Неданоски истакна дека во иднина како клуб планирале истражување на повеќе пештери и пропасти во околината на Прилеп.

 

„Планираме повеќе истражувања во блиска иднина, како во прилепската околина, па и пошироко. Кон крајот на мај ќе имаме повеќедневно истражувања на пештерета „Чулејца“ која се наоќа во тиквешкиот регион. Покрај класичните истражувања на пештерите, СК Златоврв  соработува со наши и странски научици, за научни истражувања на климатските прилики на нашата околина во минатото, базирани на разни анализи од пештерски украси. Во идниот период исто така планираме поинтензивни обуки и тренинзи за нови членови во клубот, пред сѐ наменети за возрасни и деца кои што сакаат подетално да се запознаат со убавините на пештерите и да ги истражуваат“, додава Неданоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи