Археолози веруваат дека открија подземен свет од древната цивилизација на Маите

Тим на археолози од Полска веруваат дека го пронашле влезот во подземниот свет на древната цивилизација на Маите. Археолозите велат дека откриле докази за принесување човечки жртви.

 

Тие веруваат дека наоѓалиштето го откриле само на неколку метри од местото каде што се одиграла последната битка на древната цивилизација на Маите со Шпанија – местото кај езерото Петен во Гватамела.

 

Полскиот тим на истражувачи откриле повеќе од 100 артефакти вклучувајќи и докази за ритуали, меѓу кои и принесување човечки жртви. Тие веруваат дека на островот среде езерото постојат докази за конечната битка против шпанските освојувачи.

 

„Водата имала специјално и симболично значење во верувањата на древните Маи. Се сметало дека тоа е вратата кон подземјето, светот на смртта, Сибалба, каде што живееле нивните богови“, вели Магдалена Креземиен.

 

Бидејќи сакале да го проверат местото што се чинело многу важно за историјата на Маите, нуркачките експедиции велат дека ги планирале своите акции врз основа на пишаните извори, но и со помош на интуицијата.

 

„Во повеќето случаи пронајдовме голем број артефакти“, додаде Магдалена, која била водич на тимот археолози.

 


 

Археолозите сметаат дека Маите артефактите ги испуштале или намерно ги спуштале во езерото како подарок на боговите. Еден од предметите било сечило, кое, најверојатно, било користено во крвавите ритуали со животните. Тие можеле и да убијат човек за на боговите да им понудат човечка крв.

 

Пронајдени се и керамички садови, од кои некои од нив содржеле животински коски. Еден бил посебно изрезбан. Уште едно интересно откритие во однос на островот на езерото, познато како Flores, кај Тајасал, еден од градовите на Маите. Тоа било последно независно домородско кралство во Америка.

 

Во 1697 година островот го освоиле конквистадорот Мартин де Урсуа и Арисменди.

 

„Повеќето пишани извори велат дека битката меѓу Шпанците и Маите, кои живееле во Тајасал, се одвивала на западната страна на островот. Пронајдовме артефакт на ова подрачје. Камена глава која би можела да биде поврзана со битката“, изјавила Магдалена и додала дека веројатно го пронашле местото на последната битка.

 

 

Одредени реликвии од езерото се претколумбиските, а датираат од 150 години пред новата ера, па сè до 800 година од новата ера. Но, Магдалена нагласува дека тимот извршил само набљудување на местото, но не го завршиле целокупното ископување.

 

„Треба да направиме подводни ископувања за да бидеме сигурни дека подрачјето во кое сме ги откриле објектите е подрачје на ритуални активности. Во моментот не можеме да бидеме сигурни за контекстот на предметите и дека нивната локација не е резултат на движење на водата или други фактори“, нагласила Магдалена.

 

Археолозите веруваат дека двата пронајдени ритуални предмета припаѓаат на местото на кое се откриени и тврдат дека дел од езерото може да се нарече дека е свето. Тие веќе имаат општ поглед, каде што би требало да продолжат со ископувањата во наредните години. Следната експедиција се очекува да пристигне на местото во август.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien