НАСА фотографираше спирална галаксија

Моќниот орбитален телескоп Хабл на Американската вселенска агенција (НАСА) направи фотографија од спиралната галаксија наречена НГЦ 2903.

 

„НГЦ 2903 е во склоп на соѕвездието Лав, коешто е оддалечено околу 30 милиони светлосни години од Земјата. На фотографијата на Хабл може да се видат ѕвезди, вселенска прашина и гасови околу јадрото на галаксијата“, објавија од НАСА.

 


За оваа галаксија е карактеристично тоа што во нејзиниот централен регион се создаваат нови ѕвезди со нетипична брзина. Спиралните галаксии се најбројни во вселената и сочинуваат околу 75 проценти од сите галаксии

 

Во ова истражување опфатени се уште стотина други слични галаксии, кои треба на астрономите да им помогнат во подоброто разбирање на црните дупки.

 

И за нашата галаксија Млечен Пат се сметаше дека е спирална сè до 1960-тите, кога беше преквалификувана во пречкеста спирала. Ова значи дека во суштина таа е спирална галаксија со посебна централна пречка, како и спирални краци.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien