Папата Франциск: Направете ја вашата земја светилник на мирот

Ве охрабрувам да го следите започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и интеграција, порача Папата Франциск во своето обраќање од претседателската вила на Водно.

 

„Ве охрабрувам да го следите верно започнатиот пат и да ја направите вашата земја светилник на мирот, гостопримството и интеграција која ќе роди плодови помеѓу културите, религиите и народите. Тргнувајќи од соодветните идентитети и динамиката на нивниот културен и цивилен живот, тие ќе можат да изградат заедничка иднина, учејќи се од богатствата што секој од нив ги носи со себе. Бог да ве пази и да ја благослови Северна Македонија, да ја зачува хармонијата и да даде просперитет и радост“ порача Франциск во своето обраќање од претседателската резиденција.

 

Тој беше пречекан од својот домаќин, актуелниот претседател Ѓорге Иванов. Покрај Иванов, папата Франциск го пречекаа и премиерот Заев, новоизбраниот шеф на државата Стево Пендаровски и министрите од актуелната влада, а меѓу присутните беа и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, познати академици и поранешни високи државни функционери.

 

Поглаварот на римокатоличката црква од Иванов доби резбан албум со фотографии од христијанското културно-историското наследство на Македонија. Тој пак од Папата Франциск доби портрет на Мајка Тереза, во чие што име ја посвети посетата на земајва.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien