Тврдината Цар Александар I – местото каде настанала вакцината за чума, но и место кое крие мрачни тајни

Тврдината Цар Александар I која се наоѓа на островот Котлин и која долго време била од стратешко значење за СССР, се наоѓа во близина на рускиот град Кронштат.

 

Од пристаништето во Кронштат испловил првиот руски пароброд, првиот мразокршач на светот и првиот руски морепловец кој го опловил светот, Иван Крузенштерн, поради што градот и се нарекува колевка на Руската воена морнарица. Повеќето од жителите биле морнари и војници кои често се простувале од својот дом за да запловат во уште неоткриените води на возбудливи експедиции.

 

 

Во време на советската криза кога продавниците во големите градови биле празни, полиците во Кронштат нуделе сè што му било потребно на населението. Сепак, од него било тешко да се замине, токму како и да се дојде. Таму се развивале и тестирале нови оружја, а се извршувале и воени и медицински експерименти. Бројни стручњаци биле доведувани спротивно на нивната волја, а некои од нив се обидувале и да избегаат.

 

Тоа не им успевало, како поради чуварите кои ги држеле на око или на нишан, така и поради водената, односно, ледена изолација.

 

Научниците во Кронштат успеале да направат вакцина против чума и така да спасат илјадници животи. Експериментите ги правеле на животни, кои потоа ги палеле. Многубројни истражувања се спроведувале во потполна тајност, како на пример, радијацијата на која биле подложени животните, за кои сведочеле тогашните жители на Котлин.

 

 

Инаку Котлин, или Крунски град се наоѓа на 48. километри западно од градското јадро на Санкт Петерсбург, а неговото име е со германско потекло. Тоа е синтагма од крона = круна + стадт = град, крунски град.

 

Кронштат го основал Петар Велики, откако го освоил островот, кое тогаш се викало Кроност, од Швеѓаните во 1703. година и подигнал тврдина со докови кои требало да го штитат пристапот до Санкт Петерсбург. Се’ додека не бил ископан канал до Санкт Петерсбург помеѓу 1875. и 1985. Кронштат бил и пристаниште на трговската морнарица во која се претоварувал товарот од помали на поголеми бродови.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien