Загина тракторист од прилепско Локвени, му се превртел тракторот и го потиснал

Триесетиедногодишниот Н.З. од прилепското село Локвени го загуби својот живот, кога управувајќи со трактор марка „Фиат“ се превртил, при што тракторот го потиснал.

 

На 11.05.2019, околу 18.30 часот во близина на манастирот “Свети Атанасие“, кој се наоѓа во атарот на селото Локвени, Н.З. движејќи се по ридот во близина на патот од селото кон манастирот, во еден момент од засега непознати причини изгубил контрола над тракторот, при што се превртил и бил потиснат од самата машина.

 

Во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп,  но во близина на село Врбјани,  повредениот им подлегнал на повредите.

 

Смртта е констатирана од доктор од ИМП-Прилеп. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien