Американски милијардер со 40 милиони долари ќе ги отплати студентските долгови на цела генерација

Роберт Ф. Смит, милијардер и еден од најпознатите афроамерикански добротвори, пристигна на колеџот Морхаус за да прими почесен докторат, кога остави без збор 396 студенти. Тој најави дека ќе ги отплати долговите на целата генерација.

 

Се проценува дека сумата што ќе ја покрие Смит изнесува околу 40 милиони долари. Тој, исто така, му донираше на колеџот 1,5 милиони долари.

 

„Во името на осмата генерација од моето семејство која живее во САД, ќе додадеме малку бензин во вашиот автобус. Ова е моја класа, 2019-та и моето семејство ќе ги елиминира сите долгови на студентите“, кажа 56-годишниот Смит.

 

Арон Мичом, 22-годишен студент по финансии, пресмета дека би му биле потребни 25 години работа за да го отплати долгот од 200.000 долари, и тоа ако дава половина од својата плата секој месец.

 

„Сега можам да ги избришам моите пресметки. Бев шокиран кога слушнав и заплакав. Во тој момент, како голем товар да падна од моите плеќи“, изјави Мичом.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи