Недостигот на стручен кадар ќе се покрива преку обуки финансирани од швајцарската влада

Facebook
Twitter
Email
Print

Недостигот на стручна работна сила која е најпотребна во индустријата и услужните дејности ќе се надополнува преку обуки финансирани од швајцарски проект.

 

Со 12 милиони евра во следните 10 години финансиски со по 500 илјади денари ќе се поддржуваат компаниите кои сакаат да вработуваат, а немаат стручни кадри да инвестираат во обука на идните вработени. Услов за ваквата помош за компаниите е да ги вработат најмалку половината од оние кои ќе ги земат на обука и да ги задржат на работа најмалку 6 месеци.

 

Целта на проектот е со ваквиот модел на обезбедување стручни кадри да им се помогне на компаниите во своите развојни планови да не биде пречка недостигот од квалификувана работна сила. Денеска беше официјализирана соработката со првите три компании од проектот „Образование за вработување“со така наречениот фонд за можности.

 

Проценките се дека во текот на десет годишниот проект ќе се вработат повеќе од 2200 млади луѓе со ваквата поддршка на компаниите во неформално образование на стручни кадри, а воедно ќе се продуцира и кадар кој ќе се понуди на пазарот на трудот со стручна подготвеност каква што не нуди системот на образование.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи