На 19 мај во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во ноќен клуб во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи од по околу 10 непознати лица.
Според пријавеното, тие фрлале и со шишиња, при што искршиле стакла од влезната врата. Се работи на расчистување на настанот, соопшти полицијата.