Грција од денеска и официјално го чува македонското небо

Facebook
Twitter
Email
Print

Во согласност со Договорот од Преспа што двете земји го потпишаа минатото лето, Грција од денеска и официјално го чува македонското небо. Два грчки воени авиони, во рамки на мисијата „Воздушно патролирање“ утрово помеѓу 7.30 и 9.30 часот, прелетаа над Македонија со цел да извршат проверка на комуникацијата и радарската покриеност на македонскиот воздушен простор.

 

Пробните летови биле извршени за потребите на НАТО мисијата за заштита на воздушниот простор на земјите  членки на Алијансата, но и кон исполнувањето на условите во воздухопловството кои Македонија мора да ги обезбеди, како идна рамноправна членка на НАТО.

 

Ова не е прв ваков случај во рамки на Алијансата, согласно протоколите на НАТО, доколку одредена членка ги нема потребните ресурси за чување на својот воздушен простор, нејзиното небо го чува друга земја членка. Па така Грција и Италија се задолжени да ја гарантираат безбедноста на црногорското, словенското и албанското небо, а Белгија го чува воздушниот простор на Луксембург.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи