Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 34-годишниот Д.А. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 28.04.2019 година околу 04:00 часот пред ноќен клуб на улица „Гоце Делчев“ во Прилеп пријавениот физички го нападнал 39-годишниот П.Н. од Скопје и му нанел тешки телесни повреди.