Автопатот ,,Арбен Џафери“ од Приштина до Скопје од денеска е во употреба

Автопатот од Приштина до Скопје кој денеска и официјално е пуштен во употреба, ќе го носи името на македонскиот политичар од албанско потекло, Арбен Џафери. Тој го доби ова име уште во 2014 година, кога започна да се гради.

 

Автопатот го има највисокиот и најдолгиот мост на Балканот, а пак косовскиот буџет го чинеше 705 милиони евра.

 

Македонскиот дел од автопатот сеуште не е започнат со изградба. Премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој присуствуваше на пуштањето на косовскиот дел од автопатот, рече дека денешното пуштање во употреба дава поголем мотив за работа.

 

“Автопатот Арбер Џафери исто така е мотив за нас да ја забрзаме постапката. Наскоро ќе објавиме тендер за 14 километри пат од граничниот премин Блаце до Скопје, при што патот Скопје-Приштина ќе се поминува за 45 минути “, рече Заев.

 

Долгогодишниот лидер на ДПА, Арбен Џафери, беше високо почитуван кај сите Албанци од регионот. Тој почина од мозочен удар во 2012 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien