ВИДЕО – Министерството за здравство и прилепската болница ќе го решаваат случајот со прилепчанецот Тахир Акифоски

 

Од Министерството за здравство и директорот на прилепската општа болница Драган Богоески денеска истакнаа дека ќе ги превземат сите потребни мерки за решавање на случајот со прилепчанец Тахир Акифоски кој вчера пред камерата на Сител се пожали дека веќе 5 години живее со незамисливи болки и отворени рани на ногата од кои постојано му тече крв и гној.

 

 

Поради тоа што ја имал инфекција МРСА лекарите не сакале ниту да се доближат до него, а камоли да го лекуваат. Освен во Прилеп досега бил одбиван да биде хоспитализиран и во клиниките во Охрид и Скопје.

 

„Ме праќаат во Скопје, земи брис, оди таму, таму вика не можиме. Ќе извадиме упат за лежење на болница, нема кревет ми викаат слободен“, кажува Тахир Акифоски.

 

„Сакам министрите кои ќе гледаат, докторите, да му помогнат на брат ми“, реќе сестрата Зухра Акифоска, сестра на Тахир.

 

Директорот на прилепската болница телефонски ни изјави дека на Акифоски ќе му биде предложена ампутација на ногата затоа што таа неможе повеќе да биде лекувана и третирани со преврски. Доколку пак Акифоски одбиел да му се ампутира ногата тоа ќе било на негова одговорност.

 

Од прилепската болница вчера рекоа дека само во последните 3 години Акифоски 20-тина пати бил праќан за хоспитализирање на клиниките во Охрид и Скопје, но бил одбиван. Вчера рекоа дека поради инфекцијата МРСА не можеле да го хоспитализираат и да извршат хируршка интервенција во Прилеп бидејќи немале соодветни просторни услови и обучен медицински персонал. Се плашат дека бактеријата можела да се прошири во хирушките сали и одделенија.

 

Директорот Богоески пак денеска потенцираше дека покрај сите проблеми ќе направи се за да се реши овој долгогодишен проблем.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien