Пописот ќе чини 8.5 милиони евра – ќе има графа за етничка и национална припадност, а ќе се попишат и граѓаните кои се надвор од земјава

Пописот кој што ќе се одржи во април наредната година ќе ја кошта Македонија 8.5 милиони евра. Како што истакна директорот на Државен завод за статистика, Апостој Симевски, пописот ќе трае три седмици, односно од 1 до 21 април, ќе има графа за етничко-културолошки и религиозни карактеристики, а ќе ги опфати лицата во државава, како и тие што се во странство.

 

„Со пописот ќе се собираат податоци за географските и демографските карактеристики, економските, образовните, миграциските, етничко-културолошките и религиозните карактеристики и карактеристики посветени на лицата со посебни потреби“, рече Симовски.

 

Во пописот на населението, домаќинствата и становите ќе бидат ангажирани околу 6.000 лица, од кои 5.000 попишувачи, 500 реонски инструктори, 200 државни инструктори и членови на пописните комисии. Целата територија на државата ќе биде поделена на 45 пописни реони.

 

Според зборовите на Симовски, првите резултати од пописот се очекуваат за шест месеци по неговото спроведување.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien