Од денес, 29.05.2019, започнува акција за чистење на град Крушево која опфаќа собирање на отпад, косење на трева и одделно собирање на отпад од пластика.
Активностите започнуваат на територија на град Крушево, односно централното градско подрачје ќе биде опфатено во текот на денот, а од утре ќе се покријат областите околу основното училиште, улицата која води до галеријата „Никола Мартиноски“, споменикот на Тоше Проески и дел од улицата именувана по неговото име и хотелската зона.
Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски потсети дека на 7-ми јуни заедно со Францускиот институт од Скопје, Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ ќе се спроведе акција за чистење од пластика.
„ Од утре започнуваме акција за чистење, одржување на јавната чистота и косење низ Крушево од централното градско подрачје, главната улица и месноста ,,Гумење”. На 7-ми јуни, исто така, организираме голема акција за чистење од пластика на три локации во општина Крушево заедно со Францускиот институт од Скопје, Амбасадата на Швајцарија и неколку локални институции, вклучувајќи ги и младите“, изјави Христоски.
Директорот на ЈП „Комуна“, Наум Илиески потенцираше дека покрај акцијата за чистење во градот деновиве продолжуваат активностите во с. Пресил и с. Норово.
„Покрај оваа акција денес пристигнува потребниот материјал за поставување одводни цевки во Пресил и Бехатон плочки во с. Норово со што ги завршуваме овие веќе започнати активности.“, рече директорот Илиески