Собраниската Комисија за мандатно имунитетни прашања со пет гласови „за”, ниту еден против и ниту еден воздржан утврди предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој побегна и доби политички азил во Унгарија.
Предлогот од комисијата ќе биде ставен на дневен ред на наредната пленарна седница каде по расправата ќе се гласа за мандатот на Груевски. Според деловникот, потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници за да се одземе мандатот.
Пратениците од ВМРО ДПМНЕ не гласаа по предлогот, сметајќи дека деловнички не се исполнети условите за одземање на мандатот на Груевски.