Седумдесетидеветгодишна прилепчанка пријавила дека во дворното место во с. Алинци, прилепско, пронашла неексплодирана граната.
Полициски службеници излегле на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување констатирал дека се работи за минофрлачка граната од 75мм, која потекнува од Првата светска војна.
Гранатата била подигната за понатамошна постапка.