„Фејсбук“ најави нова крипто – валута „Либра“

Фејсбук денеска најави воспоставување на крипто – валута наречена „Либра“ со цел да ја прошири својата дејност надвор од социјалната мрежа. „Фејсбук“ планира да ја лансира новата валута во првата половина на наредната година.

 

Како и кај повеќето криптовалути, „Либра“ ќе биде управувана и обезбедена од страна на кој било учесник што има пристап до компјутер.

 

Социјалната мрежа исто така создала подружница наречена „Калибра“ која ќе понуди и дигитални паричници за зачувување, праќање и трошење на Либри. „Калибра“ ќе биде поврзана и со платформите на „Фејсбук“ за испраќање на пораки.

 

Со оглед на тоа дека „Фејсбук“ го користат околу 2 милијарди луѓе, неговата планирана криптовалута либра може да стане значајна златна кокошка за социјалните мрежи и потенцијално да го измени својот конвенционален финансиски модел.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien