Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција. Ова вчера го најави и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното гостување на телевизиска емисија.
„Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во собранието“, рече Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.
Се очекува осуммина министри да ги предадат фотелјите, а извори од владината коалиција велат дека дел ќе бидат ротации, а дел нови решенија. Викендов се одржа централниот одбор на СДСМ, при што претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека ќе се заблагодари на директори повеќе од дваесет државни јавни институции, процес што ќе се одвива паралелно со реконструкцијата на Владата.
За сега се знае дека министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и ќе продолжи да работи во партијата.