ЈКП „Комуналец“ – Прилеп започна со обновување на дел од урбаната опрема во Паркот кај судот. По 10-тина години од неговата изградба, се врши замена на комуналната инфраструктура како клупи и корпи за отпадоци, а се обновуваат и садниците.
Исто така по барање на граѓаните кои реагираа и до редакцијата на порталот Инфо Компас дека дрвениот мост не е безбеден за нивните деца, истиот денеска беше заменет со железен.
Од ЈКО „Комуналец“ велат дека пролетва во овој парк биле засадени нови зимзелени украсни растенија од сортата Туја Деница и Туја Смарагд.