ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Дали Јанески ќе ги покаже и снимките од пресметката на стражарската служба со посетител на пречистителната станица

Oткако во петокот ја информиравме јавноста и ги пренесовме нашите сомнежи за можно загадување на животната средина од страна на локалните власти и ЈКП Водовод, со прес конференција се јави директорот Емил Јанески. Наместо да не повикува да гледаме филмови од камери, Јанески треба точно да одговори што точно покажуваат фотографиите кои ние ги добивме од загрижени граѓани? Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Што покажуваат овие фотографии и каква е оваа материја која е прикажана на нив, а се наоѓа на земјоделско земјиште лоцирано веднаш до прочистителната станица?

 

Дали ова е истата таа тиња и талог која излегува од отпадните води и дали освен во сушните полиња се складира и во околните ниви?

 

Доколку директорот на Водовод сепак инсистира да гледаме снимки од камери, го прашуваме и следново: Дали е вистина дека пред извесен период посетител на станицата бил тешко повреден во пресметка со стражарската служба?

 

Доколку е вистина, дали за овој настан е поведена постапка и за што точно станува збор?

 

Ќе сака ли Јанески да покаже снимки и од овој настан?

 

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ не се служи со лаги и манипулации, тоа е одлика токму на локалната власт и нејзините функционери, кои изминатите две години од нивниот мандат ги потрошија само во седење во кожените фотељи.

 

Никаде наоколу нема трага од она што го ветиле пред граѓаните и од нивните фамозни ветувања за подобар живот. Како што доаѓа крајот на нивната авантура, ќе прават се и сешто, ќе влегуваат од грешка во грешка, а последиците ќе ги чувствувате токму вие!“, додаде Петкоски.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи