ВИДЕО – Над 2.000 хектари се уништени во катастрофалното невреме кај селата Канатларци и Ерековци

Според првичните информации голем дел од над 2.000 хектари засадени претежно со тутун, пиперки, пченица и бостан се уништени во катастрофалното невреме кое вчера околу 15 часот го зафати атарот на прилепските села Канатларци и Ерековци. Според жителите првичните штети се оценуваат од 70% па се до 100 % на некои места. Беџет Исламоски вели дека му биле уништени насадите на околу 60 хектари. Бидејќи родот годинава му е осигуран се надева на реална проценка.

 

 

„Околу 60 хектари кои ми се фатени, најмалку сум оштетен околу 50.000 евра. На сите култури кои ги имам, сончоглед, тутун, бостан и пченица. Осигуран ми е родот веќе трета година по ред. Две години немаше невреме, сега како ќе биде не знам“, истакна Беџет Исламоски, жител на с. Канатларци.

 

Жителите истакнуваат дека во селото со децении не се памети вакво невреме. Градот паѓал околу 40-тина минути.

 

„80% ми е оштетен тутунот, бостанот, пиперот и житната култура. Ако се земе во пари тоа е штета од околу 30 до 40.000 евра годишно“, додаде Марем Исламоски, жител на с. Канатларци.

 

Денеска на терен излезе и Комисијата за проценка на штети формирана од страна на Општина Прилеп, од каде истакнаа дека уште од денес граѓаните ќе може да ги пријавуваат штетите од невремето.

 

„Комисијата е веќе оформена и штом ќе ги добијат првите барања ќе излезе на терен и ќе започне да ги прави проценките на земјоделските култури“, кажа Жарко Северкоски, претседател на комисија за проценка на штети.

 

„Потребна документација за пријавување на штета е имотен лист или договор за закуп со Министерството за земјоделство, копија од лична карта и копија од трансакциска сметка“, изјави Зоран Пачешкоски, раководител на подрачна единица на Министерство за земјоделство.

 

Утре се очекува да се знае колку точно изнесува штетата и за колку хектари станува збор.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи