Голема акција на финансиската полиција во Љуботен – запленити големи количини шверцуван тутун

Facebook
Twitter
Email
Print

Финансиската полиција од утрово спроведува голема акција во скопското село Љуботен, поради основи на соменение за криумчарење на акцизна стока и царински измами.  Специјалци од МВР од повеќе домови изнесуваа бали од запленет тутун и ги товараа во камиони.

 

Од Финансиската полиција рекоа дека во интерес на истрагата не можат да соопштат повеќе детали и ги повикаа граѓаните да покажат разбирање во интерес на расчистување на акцијата.

 

„Поради постоење на основи на сомнение за  сторени кривични дела, криумчарење со акцизна стока и царинска измама, Управата за финансиска полиција во координација со Министерството за внатрешни работи спроведува акција за проверки на истото. Во интерес на истрагата не би можеле да споделиме подетални информации. Очекуваме и бараме соработка од граѓаните на реоните во кои се спроведуваат активностите, се во интерес на расчистување на случајот. Јавноста благовремено ќе биде информирана за исходот од преземените мерки и активности“, се вели во соопштението од Управа за финансиска полиција.

 

Сето тоа го следаа мештани, кои од утрото излегоа на протести и се жалеа дека тоа им е егзистенција и дека и тие не би работеле со тутун ако имаат друга работа. Во селото беше и градоначалникот на Бутел Велимир Стојковски кој кажа дека „тутунот не е илегален, туку е стекнат со работа“.

 

„Денеска од граѓаните на Љуботен сум информиран дека има полициска акција. Јас дојдов во селото и утврдивме дека  акцијата ја спроведува финансиската полиција за собирање на нелегалниот тутун кои го имаат селаните во своите домови. Но јас со сигурност тврдам дека не е нелегален, туку е стекнат на начин преку работа на целата фамилија која го ниже цела година и за тоа се информирани сите институции во државата.  Се надевам дека брзо ќе заврши оваа голгота на народот и се ќе се реши низ институциите„ кажа градоначалникот на Бутел  Велимир Стојковски.

 

Покрај тутунот, финансиската полиција конфискувала и машини за обработка на истиот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи