Министерот за транспарентност, комуникации и отчетност во Владата, Роберт Поповски ги советувал пиар службите на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи да им избегаат на новинарите.
Екипата на Истражувачката репортерска лабораторија – Македонија (ИРЛ), објави дека го сушнале министерот Поповски утрово во Клубот на пратеници, каде ја презентираше Стратегијата за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот, како било подобро да избегаат, отколку новинарите да ги распнат.
„Подобро да ни се лутат затоа што не сме излегле да зборуваме, отколку да нѐ распнат“, ѝ рекол Поповски на Лидија Јанчовска, портпаролката на министерката за одбрана, без притоа да забележи дека позади нив стои новинар.
Тогаш новинарот реагирал и рекол дека тој е министер за транспарентност и не може така да каже, на што Поповски рекол дека изјавите веќе се дадени (мислејќи на презентацијата на којашто не биле дозволени прашања за новинарите).
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.