Непознати сторители подметнаа пожар на депонијата Алинци – огнот е целосно ставен под контрола

Вчера во приквечерието, околу 19 и 30 часот, подметнат е пожар на депонијата Алинци од западната страна, во делот на ламела каде се одлага текстилен отпад.

Огнот е ставен под контрола и целосно изгаснат, но сеуште повремено се јавуваат помали огнени јазици. Заради можноста и ветровите кои постојано дуваат околу депонијата, дежурна екипа од Комуналец, со две цистерни и градежни машини постојано се на терен, и ги санираат и оштетувањата на депонијата.

Според очевидец од селото Алинци, кој утрово се јави во Комуналец, пожарот го подметнале лица кои со два автомобили биле во близина на депонијата. Истите, кога веќе очевидецот забележал дека е зафатен да гори текстилниот отпад, се одалечувале од местото со бела „Застава 101“, а за второто возило, очевидецот, вели дека незнае да ги распознава останатите марки автомобили. И двете возила биле без регистарски табли.

Во гаснењето на пожарот учествуваа вработени од Комуналец, со сета своја расположлива механизација , Територијалната противпожарна служба, а на лице место беше присутна и полицијата.

Со крајна пожртвуваност на вработените и пожарникарите е спречена катастрофа од поголеми размери.

До непознат сторител од страна на Комуналец, е поднесена пријава за подметнување на пожар до СВР Битола, ПС Прилеп.

 

Инаку,  на депонијата Алинци годишно се одлагаат 32 илјади тони отпад , од кои 690 тони е исклучиво текстилен отпад.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи