„Илинден 2019“ – турнир во мал фудбал во Крушево

Општина Крушево организира турнир во мал фудбал „Илинден 2019“ по пауза од неколку години. Турнирот ќе се одржи од 15 до 31 јули на повеќенаменското игралиште на „Гумење“, а организацијата е поддржана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

 

Турнирот започнува на 15.07. и ќе трае до 31.07.2019 година.

 

Пријавување на истиот може да се направи преку образец кој се подига од Општина Крушево, или пак на веб страницата www.krusevo.gov.mk. Крајниот рок за пријавување е 12.07.

 

Форматот на натпреварите ќе биде 5+1 од екипа, а секоја екипа може да брои од 6 до 10 играчи.

 

Наградниот фонд за истиот изнесува 40.000 денари за прво место, 20.000 денари за второ место и 5.000 денари за трето место.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.