Невремето кое синоќа ја зафати Македонија, проследено со силен ветар, дожд и град, направи огромни штети во преспанскиот регион. Според кажувањата на очевидците, брзината на ветрот била близу 200 километри на час, а во еден момент градот натрупал слоеви од по 30 центиментри.
Според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, невремето кое вчера траело половина час уништило голем број автомобили и и корнело дрвја, бандери и покриви од куќи во Преспа. Исто така големи штети се нанесени и на овошните насади.
Уништени се над 40 автомобили, додека итната помош реагирала над 20 пати, за среќа без потешко повредени лица.
Особено погоден е автокампот Крани, каде што се искорнати стогодишни стебла, превртени и уништени камп приколки, и скоро целосно уништена инфраструктура.
Од изутринава механизација, како и тимови на противпожарните служби и Дирекцијата за заштита и спасување се излезени и работат на расчистување на теренот.