По само еден ден откако ја најави својата одложена оставка, специјалната обвинителка Катица Јанева која се најде во фокусот со рекетирањето на бизнисмени, заминала на боледување, кое денеска беше потврдено од СЈО.
Во оставката, таа кажа дека нема да дозволи нејзиното име да биде искористено за нечие алиби со кое во заложништво ќе се држат судбината на Специјалното јавно обвинителство и Европските интеграции на земјата. Како што напиша Јанева, оставката ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение за СЈО и ќе го изберат нејзиниот наследник.
На денот на оставката, на Јанева по надерба на Обвинителството за организиран криминал и беше одземен телефонот, како дел од истрагата за случајот „Рекет“.
За медиумите од СЈО објаснуваат дека не знаат од што боледува Јанева, но дека има право да користи најмногу 15 работни денови.