Премиерот Зоран Заев прв ме извести дека бизнисмени му се пожалиле оти се уценувани, вели шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.
„Премиерот усно нè извести мене и јавниот обвинител на Република Северна Македонија, притоа изразувајќи подготвеност да дојде и да поднесе кривична пријава на записник. Но ние му советувавме сведокот да дојде во Обвинителство и да пријави“, посочува Русковска во изјава за „Независен весник.
Премиерот Заев вчера на прес-конференција информира дека кај него се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје, а кои му се пожалиле дека биле уценувани.
Како одговор на новинарско прашање, Заев појасни дека за тоа, како и секој друг граѓанин, за тие уцени, тој како премиер пријавил.