Според првичните неофицијални информации дојава на бомба вечерва пред настапот на Светлана Ражњатовиќ Цеца повторно го испразни кафулето „Кафеин“ во Прилеп. Просторот повторно беше обезбеден од голем број на полициски службеници, а на лице место пристигнаа и екипите на Противпожарната бригада и Итната медицинска помош од Прилеп.
Од полицијата велат дека повеќе детали за овој настан ќе има во текот на утрешниот ден.
Инаку досега не е расветлен првиот случај со фрлањето на рачна бомба во „Кафеин“. Од обвинителството потврдија дека бомбата била фрлена, но не експлодирала.
Во јавноста веќе кружи една снимка од безбедносни камери на која се гледа како едно лице ја фрла бомбата, но таа не експлодира. Дали снимката е автентична и вистинита треба да потврдат надлежните.
Пред почетокот на Пиво фест градоначалникот ја убедуваше јавноста дека безбедноста е на задоволително ниво и дена Прилеп е безбеден град, но овој случај го потврдува спротивното.
Инаку симптоматично беше тоа што само еден ден по фрлањето на бомбата Општина Прилеп ја посети директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кој оствари средба со градоначалникот на Прилеп, но за оваа средба која се случи во зградата на локалната самоуправа медиумите не без известени. За неа беа информирани преку соопштение дури откако Тасевски го напуштил Прилеп.