Зошто сончогледовото масло Брилијант е избор број 1

Висок квалитет, избалансиран состав со сите хранливи состојки, помало количество заситени масни киселини се трите карактеристики што го издвојуваат Брилијантот од другите масла за јадење.

 

Причините зошто Брилијантот е број 1 се дополнуваат уште со технолошкиот производен процес. Современиот процес на полнење и пакување на Брилијантот, му овозможува на маслото голема стабилност, долг рок на употреба, неутрален вкус и задржување на високиот квалитет и корисните состојки.

 

„За производство на рафинираното масло за јадење Брилијант се користат најсовремените научни достигнувања во корелација со најсовремена германска технологија под контрола на тим инженери со долгогодишно работно искуство. Со реализација на идејата за изградба на фабриката за маслo за јадење Брилијант, поставени се високи критериуми и норми за производство на финален производ, кој во денешни услови се издвојува како најквалитетен на домашниот, а истовремено конкурентен и на странскиот пазар”, вели Павле Кафтанов, шеф на производство во фабрика 3 на П.И. Витаминка ад Прилеп.

 

Тој додава дека:

 

„Фабриката е опремена од страна на GEA-Westfalia и Harburg Freudenberger, кои се водечки фирми за опрема наменета за производство на масло. Целиот процес е автоматизиран и се води на начин кој овозможува оптимизиран третман на маслото со цел да бидат отстранети сите непожелни состојки а истовремено задржувајќи ги сите карактеристични нутритивни вредности на производот. Со технологија на рафинирање водена на овој начин се добива масло за јадење кое е природен извор на токоферол (природен Е витамин) и со голема стабилност“.

 

ИЗВОР : Витаминка

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи