ВИДЕО – Поречките села Локвица и Вир 15 дена без вода за пиење, жителите гневни на Општина Македонски Брод

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Веќе 15 дена околу 100 жители и над 500 грла овци и кози на поречките села Локвица и Вир во Општина Македонски Брод се без вода. Жителите крајно револтирани велат дека e срамота на 45 степени општината цели 2 недели да ги остави без основното средство за егзистенција. Сега вода земаат од селските бунари кои се со мала издашност и чија вода не знаат дали воопшто е исправна за пиење.

 

 

„Бунарите неотворени никогаш, 40 години не сме ги користеле, а сега вадиме вода, вода во која сите пуштаме разни кофи, кантичиња. Колку е хигиенски, колку е чиста,  можи некоја зараза да добиеме“, вели еден од жителите.

 

Велат дека проблемите се појавиле кога се изградила мини хидроцентралата на нивниот извор за вода кој се наоѓа кај соседното село Крапа. Овие луѓе тврдат дека изворот нема доволно вода и за хидроцентрала и за нив.

 

„ Изворот да ни го вратат нас, да го дотераат во првобитната положба, тогаш ќе имаме вода“, исткна друг жител на селото

 

„Сега поради некој поединец таму горе ако има некој негов економски интерес, да ги загрози сите овие граѓани овде. Мислам дека е тоа нечесна работа“, додава друг жител на Локвица.

 

Немањето на вода ги одвратило и повратиците кои тука седеле по цело лето. А голема штета претрпеле и земјоделските посеви, а мака мачат и со водата за стоката која ја носат во цистерни од соседниите села оддалечени со километри.

 

„ Жалосно, во 21 век некој да се обогатува и да гази преку живи луѓе“, вели една повратничка од Скопје во селото.

 

„Дојде внука ми, нема вода да се искапи, се врати во Скопје. Лани беше овде полно со деца, годинава едно младо дете нема“, раскажува друга жителка на Локвица.

 

„Чувам стока 150 глави овци, се мачиме со вода, немаме, од бунари носиме“, се пожалии еден од сточариите.

 

„Сега кој ќе ми го надокнади мене ова за јадење за зимава, градоначалникот од Македонски Брод да го барам да ми донеси со камион“, вели негова сожителка.

 

Градоначалниикот само кратко одговори дека запознта бил со проблемот и се правело се тој да се реши, без да прецизира кога.  Кирил Палески пак директор на Актуел Енерџи Груп, фирмата којас стопанисува со хидроцентралата вели дека таа не работела 15 дена поради жешкото време, целата вода одела кон селото. Исто така од тврди дека сега дефектот бил во водоводот поради неговата старост од 40 години. Жителите пак бараат итна реакција на повисокиите државни органи.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи