Поставени табли на спомениците, се отстранува и Сонцето од Кутлеш

Facebook
Twitter
Email
Print

Табли на македонски, албански и англиски јазик добија неколку споменици во централното градско подрачје на Скопје, на кои се појаснува дека станува збор за историски ликови од античката хеленска историја. Паралелно со тоа, согласно Преспанскиот договор, се отстранува и ѕвездата од Вергина од симболите на јавните институции и на јавните простори објекти и површини.

 

Па така, од денеска натаму под споменикот на „Воинот на коњ“ туристите ќе читаат дека тој е историска фигура во чест на Александар Велики која и припаѓа а на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство.

 

„Во чест на Олимпија, историска фугура која припаѓа на античката хеленска историја и цивилизација и на светското културно историско наследство“, пишува на таблата на споменикот на олимпија.

 

Започна и бришењето на симболот на поранешното знаме – Сонцето од Кутлеш – отстрането е и од шахтите на плоштадот „Македонија“.

 

Поставувањето на ознаките следува по владината препорака до единиците на локалната самоуправа, државните и јавните институции, да ги почитуваат обврските од Конечната спогодба на Советот за безбедност на ОН и резолуциите  за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи