Во Крушево започнува уште едно параглајдинг првенство со 130 учесници

Веднаш по завршување на 16-тото Светско првенство во параглајдерство, во Крушево започнува уште едно меѓународно првенство со околу 130 учесници.

 

Утрово беше отворено првенство под наслов Gin Wide Open на кое градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски посака добредојде на учесниците.

 

„Драги учесници и гости, добредојдовте во Крушево, град на авантурата и местото за авантуризам. Завршивме со Светското првенство, а во годините што следат организираме уште неколку Европски и Светски првенства во параглајдерство и змајарство. Сакам да ви посакам одличен престој и успешно натпреварување“, порача градоначалникот на општина Крушево.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи