Јанева е приведена, Обвинителство бара притвор

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување и по налог на Обвинителството таа е приведена. Во моментот се вршат претреси во нејзиниот дом во Гевгелија и Козле, како и во нејзината канцеларија во СЈО.

 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната прес конференција истакна дека истрагата за „Рекет“ е проширена и врз Јанева која се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластувања, како и за против-правно овозможување стекнување материјална корист во случајот „Рекет“, поради што е побаран и притвор.

 

Јавното обвинителство уште од донесување на наредбата за истрага за тргување со влијание и за перење пари против Бојан Јовановски и Зоран Милески, имало основани сомневања дека и специјалната обвинителка Катица Јанева, лице врз кое се влијаело за да влијае врз истрагите, сторила кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањата.

 

Еден од осомничените, Боки 13 (н.з.), со влијание врз Јанева врз база на претходно изградено блиско пријателство, влијаел врз неа за таа да преземе недозволени дејствија, За едно лице Орце Камчев (н.з.), да му се олесни притворот, да му се замени со куќен притвор, да предложи во СЈО, спогодба за вина со плаќање на отштета и враќање на пасошот, рече Јовески, поткрепувајќи го ова фактографски со датуми и активности потоа со кои се реализирани сите овие ветени олеснувања, до едно.

 

Сопругата на Орце, Ана Камчева му платила на посредникот Јовановски првин 500.000 евра, а потоа Камчев од куќен притвор, рече Јовески, уште милион евра.

 

Со ветување дека ќе биде заштитен сведок и ќе плати со спогодба, без да оди во затвор, Јанева од Камчев прибавила мебел од 298 илјади денари, во исто време кога бил доплаќан милионот евра за Боки 13 и за Кичеец.

 

Прашан што ќе се случува со СЈО ако на Јанева ѝ биде одреден притвор, Јовески кажа дека според законите Советот на јавни обвинители треба да констатира дека специјалната обвинителка е спречена да извршува функцијата и да именува в.д. од редот на обвинителите од СЈО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи