Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.А.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.
На 29.06.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле претрес над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.