Во холандскиот град Утрехт , под централната железничка станица е отворена најголемата гаража за велосипеди на светот. Гаражата има капацитет од 12 500 велосипеди.
Холандија , со население од 17 милиони има дури 23 милиони велосипеди и во просек секој жител на оваа земја на велосипед минува 18 минути дневно.
Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во светот , па не зачудува што токму таму е изградена најголемата гаража.
Паркингот, кој е на три ката, има компјутерски наведуван систем за паркирање, работи нон-стоп и паркираните велосипеди се под постојан надзор. 24 часа паркирање во овој „рајски велосипедски паркинг“ е бесплатно, а потоа се плаќаат 1,25 евра на ден.
Пред две години бил отворен првиот дел од паркингот со капацитет од 7.500 велосипеди , а сега е целосно завршен големиот проект, чија вредност изнесува 30 милиони евра.
Инаку, Холандија е најголемиот купувач на е-велосипеди, бидејќи возењето во подоцнежните години е многу позастапено овде отколку на кое било друго место во светот.