Во СВР Куманово вчера во 09.30 часот е приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.
Од МВР појаснуваат дека истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце полициски службеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти.
Во комбето биле пронајдени 45 лица-мигранти и тоа 42-ца од Пакистан, еден од Сирија и двајца од Авганистан.
„Возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија денеска од МВР.