За три месеци Обвинителството за организиран криминал и корупција треба да ја заврши истрагата и да поднесе обвинение за случајот „Рекет“, најави вчера обвинителката Вилма Русковска одговарајќи на новинарско прашање.
„Ако сметаме до колку може да бидат осомничените во притвор, инаку истрагата може да трае шест месеци, можеме да бараме и продолжение на истрагата, но ако сакаме да опстои притворот и понатаму, во рок од три месеци мора да биде подигнато обвинение“, рече Русковска.
Таа кажа дека не знае каде ќе ги одведе истрагата, но најави дека таа продолжува.