Двокатен автобус на ЈСП Скопје се запали во населбата Ѓорче Петров и комплетно изгоре, при што нема повредени патници. Како што првично се објавува, причина за пожарот е неисправна инсталација.
Според сведоштвото на возачот, еден од патниците што се возел на горниот кат, алармирал дека се појавил чад. Возачот веднаш го застанал автобусот, ги симнал патниците и се обидел сам да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но не успеал, па ги повикал пожарникарите кои веднаш дошле на местото на настанот и проширениот пожар го ставиле под контрола и го изгаснале.
Од Бригадата за против пожарна заштита информираат дека добиле повик во 9 и 40 дека на улицата Ѓорче Петров има опожарен автобус на ЈСП. По пристигнувањето, пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за 10 минути .
Екипите на министерството за внатрешни работи вршат увид на местото на настанот со цел да ги утврдат причините за пожарот, информираат од град Скопје.