Хелсиншки: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација – се дискриминира по секој основ

Facebook
Twitter
Email
Print

Во земјава се дискриминира по секој основ, секаде, и за 30‘% повеќе од лани. Ова се факти изнесени во годишниот информатор за дискриминација на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

 

Најчести основи за дискриминација во регистрираните случаи се врз основа на личен и општествен статус, пол и род, сексуално ориентација, попреченост, етничка припадност и религија. Регистрирани се вкупно 119 случаи, наспроти 82 случаи регистрирани во 2017 година.

 

Според проект-координаторот Игор Јадровски, има значително зголемување на пријавување дискриминација во областа на работните односи.

 

„Тоа е област во која граѓаните најмногу пријавувале дискриминација во 2018 година. Имаме 45 случаи на дискриминација во работните односи, што е значително зголемување во споредба со 19 случаи пријавени во 2017 година“, изјави Јадровски.

 

Посочи дека има и значителен раст во бројот на пријавени случаи на дискриминација во пристап до јавни добра и услуги – 21 и до здравствени услуги – 20 пријавени случаи.

 

Од вкупниот број пријавени случаи, најголем дел – 92, се директна дискриминација, додека еден како индиректна и 26 како случаи на вознемирување.

 

Комисијата за заштита од дискриминација која по пријавен случај одлучува дали има или нема дискриминација се најде на удар на Хелсиншки, затоа што според нив тие не се ажурни во работата и дозволуваат дискриминаторите да поминат неказнето.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи