Започна со работа патарината на автопатот Демир Капија – Смоквица – цената е 100 денари за автомобил

Facebook
Twitter
Email
Print

Од 7:00 часот утринава во функција е наплатната рампа кај Гевгелија, на делницата Демир Капија – Смоквица, каде се наплатува најскапата патарина во земјава, во износ од 100 денари!

 

На патарината кај Смоквица има 10 наплатни рампи, односно пет кон Гевгелија и Грција и исто толку кон Скопје. Како и на другите патарини долж коридорот 10 и на оваа е овозможено електронско плаќање.

 

Патарината почнува со работа откако Јавното претпријатие за државни патишта го пушти во употреба споредниот пат до Гевгелија за жителите на околните села.

 

Автопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен во употреба на 23 април лани. Оваа делница од автопатот е долга 28,2 километри, а изградбата чинеше 218 милиони евра, и плус 10 милиони евра за надзор.

 

На Коридорот 10 треба допрва да проработи и наплатната рампа кај Демир Капија, која што треба да проработи во текот на наредните месеци за да се собира надоместокот за употреба на автопатот од Градско до Демир Капија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи