Три пријави за физичко насилство во ист ден примила Полициската станица во Прилеп.
На 01 септември во Полициската станица Прилеп, 37 годишно лице од Прилеп пријавил дека на 31 август во паркот на Могилата во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од 14-годишник од Прилеп.
Исто така на 01 септември во Полициската станица Прилеп, 32 годишно лице од Прилеп пријавил дека околу 03.00 часот на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ бил физички нападнат од две лица.
Истиот ден во Полициската станица Прилеп, 61 годишно лице од Прилеп пријавил дека во населба „Точила“ бил физички нападнат од едно лице.
Сеуште се свежи сеќавањата од хоророт на кој прилепчани беа сведоци, кога 3 лица скоро до смрт претепаа 21 годишно момче од Прилеп во центарот на градот.
Сите овие случаи доведуваат до прашањето, дали расте стапката на физичко насилство во Прилеп?