ВИДЕО – Милески : Со немањето на вода во акумулацијата ќе се предизвикаат големи штети кај најскапо платените берби

Поради немањето ниту капка вода во вештачкото езеро во Прилеп и поради неповолната хидролошка состојба тутунарите се жалат дека нема да ги наберат последните берби кои се и најскапо платени. Поради обид за замена на испусниот вентил на акумулацијата, кој се прави по втор пат, лани беше неуспешно, повторно се испразни целото езеро. Тутунарите велат дека предвидените количини ќе бидат помали за околу 20 %.

 

 

„Што се однесува до развојот на тутунот, сеуште имаме врв и подврв за берење, меѓутоа тој врв и подврв мислам дека природата ќе си го земи. Тутунот веќе почнува да овенува и подгорува, сабајле не можат да ја издржат бербата, така да најквалитетниот тутун што оди во највисоките класи и што носи највисок профит, некаде 280 денари од килограм. Не можи да ги порасни листовите, без вода нема живот, овие високи температура ќе предизвикаат нагло овенување, нагло горење и сушење на тутунот, подгорување, така да нема да можеме да го обериме она останато што треба да се бери. А сеуште имаме тутун, има некаде и уште една берба, но претежно се наоѓаат врвот и подврвот за берење“.

 

Апелираат вентилот да се замени во што е можно побрз временски период за да може вештачката акумулација да започне да се полни час поскоро, затоа што нивите во Прилеп биле брдско-планински и без вода не можел да опстои тутунот, за разлика од руралниот дел на полето каде ситуацијата била малку подруга.

 

„ Моментално би рекол дека предизвикува некаде до 20% штети, без разлика дали е Прилеп или цела Македонија. Нема атмосферски врнежи, врвот и подврвот ќе си одат, оние зацртани количини што ги имаа пријавнео откупните компании од  Министерство за земјоделие, некаде околу 25  милиони килограми тутун, тоа е само од евидентните листови. Но теренот друго кажува. Ако достигниме до 20 милиони килограми тутун, а тоа ќе го достигниме се надевам со оние дождови што паднаа во јули, кога средните берби израснаа точно онака како што треба, созреаја добро, се исушија добро. Но за врвните берби е жалосно за производителот, вложува цела година, а очекува баш од тие врвни берби да му дојде просекот што повисок. Но сега ќе биде тешко“, додаде Милески.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи