ВИДЕО – Талески : Се очекува до крајот на овој месец да се замени темелениот испус на браната на Прилепското езеро

Како што и сами знаете тоа се направи со цел да продолжи втората фаза, односно прекинатите активности околу завршувањето на проектот „Промена на телемен испус на брана“. Во неколку наврати јас досега ја инвофмирав прилепската јавност дека во текот на месец јануари, поради недозволувањето на временските услови, од страна на фирмата изведувач ЖИКОЛ и надзорот Градежен институт на Македонија, беше одлучено да прекратат активностите, поточно на 24 јануари 2019 година се донесе таков заклучок, со цел да се собери секоја капка вода во акумулацијата, за да имаме успешна сезона за наводнување 2019 година. Истакна во денешната изјава директорот на Водостопанство Прилепско Поле, Звонко Талески.

 

 

Изјвата ја пренесуваме во целост.

 

„Со натчовечки напори на вработените, кои што посебно сакам да ги поздравам и да им се заблагодарам, оваа година успеавме да ја доведеме до крај сезоната за наводнување 2019 година и да им пружиме успешна услуга на водокорисниците. Како што и сами знаете АД Водостопанство подружница Прилепско поле Прилеп, се финансира со склучување комерцијални договори со водокорисниците и единствено остварува приход со наплата на тие договори за наводнување и одводнување, и во некои подружници сепарација на песок. Затоа и нас ние е од интерес да склучиме што е можно повеќе договори, а договори би склучиле доколку понудиме успешни услуги до водокорисниците.

 

Значи уште еднаш повторувам, посебна благодарност на вработените кои со натчовечки напори, со воведување на распоред за наводнување, успеавме да ја доведеме сезоната за наводнување до крај.

 

Сега, во текот на оваа недела имаме информација дека изведувачот, фирмата ЖИКОЛ ќе ги продолжи активностите, подготовките околу дозавршувањето на овој проект, а во текот на наредната недела, односно од понеделник, веќе пристигнуваат подизведувачите, Нишкав компанија, која се занимава со монтажа на хидромеханичката опрема. Значи конечно ќе биде решен еден горлив проблем, кој е од круцијално значење на градот Прилеп и ова е еден позитивен проект, што сметам наместо да се поздрави секој позитивен проект, овде се користат дневнопартиски политички поени и се манипулираат земјоделците и водокорисниците.

 

Значи се решава голем проблем, се врши измена на темелен испус на брана, тоа е главен вентил кој досега беше еден, а сега наместо тој вентил би се поставиле 2 вентили, 1 сигурносен, односно конусен, и еден лептирест вентил.

 

Во однос на рибниот фонд, исто така на неколку пати бевме прозивани, сакам да кажам дека Водостопанство, подружница Прилепско поле стопанисува со водата во акумулацијата, а не стопанисува со рибниот фонд. За рибниот фонд е задолжен концесионер, кој склучува договор со МЗШВ и со почетокот на овој проект беше информиран и концесионерот, кој требаше да изврши дислокација на рибниот фонд.

 

Во однос на средствата, неколку пати бевме прозивани каде биле средствата, тие 9 милиони денари кои беа наменети за овој проект, тие средства се насочени токму таму каде што треба да бидат, тие средства се насочени кај исзведувачот и овој проект ќе заврши во најскоро време. Се надеваме, а и според укаживањата на изведувачот и надзорот, би завршил до крајот на овој месец, што значи од октомври би почнале да ја собираме секоја капка вода, која ни е драгоцена, со цел успешна сезона за наводнување 2020 година“, истакна Талески.

 

Како одговор на новинарско прашање дека тутунарите се жалат за тоа дека ќе имаат помалку род поради немањето на вода, Талески вели дека тие ја знаеле каква е хидролошката состојба на езерото.

 

„Значи вака, тутунопроизводителите, односно водокорисниците со склучувањето на договорите беа информирани дека водата во акумулацијата со која што располагавме тој период не е доволна за да се помини целата сезона за наводнување. Им беше укажувано дека нема да има доволно вода за наводнување во акумулацијата во целата сезона, бидејќи сезоната обично би траела до крајот на месец септември претходните години. Нивните барања беа да им се овозможи вода за наводнување барем за садење на тутунот и евентуално едно единствено наводнување. Значи ние успеавме 4-5 турнуси за наводнување да обезбедиме за тутунарите“, додаде Талески.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи