Прибе: За владеење на правото потребни се независни политичари

Facebook
Twitter
Email
Print

Правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе смета дека услов за владеење на правото во земјава се независни политичари.

 

„Тие треба да имаат политичка воља за да го имплементираат владеењето на правото. На таков начин правниот систем ќе може да воспостави независност. Без демократско управување, не може да постои ниту владеењето на правото“, изјави Прибе.

 

Тој ова го истакна на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“.

 

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека владеењето на правото е воздух без кој не се може во едно општество.

 

„Владеењето на правото е едно од фундаменталните принципи за започнување на преговорите со Европската Унија, за прогрес на патот кон Унијата, нешто што е многу важно за развојот на државата и општеството внатре“, истакна Османи.

 

„Убеден сум и можам да најавам дека октомври ќе биде историски месец за Република Северна Македонија, бидејќи сосема заслужено ќе добие датум за започнување преговори со ЕУ“, додаде Османи.

 

Според Османи, тоа што синоќа лидерите на власта и опозицијата не постигнаа договор за Законот за јавно обвинителство нема да влијае врз евроинтегративниот пат на државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи