Голем пожар се појави попладнево, во близина на прилепското село Тројаци, на планиснкиот премин Плетвар. Огнот гори на неколку места. До редакцијата на Инфо Компас пристигнаа фотографии и видеа од наши читатели на кои се гледа дека од густиот чад премногу е намалена и видливоста на патниот правец.
Исто така жителите на селото Подмол не информираа дека повторно се обновил пожарот кој беше изгаснат пред 3 дена. Мештаните со земјоделски прскалки повторно се обидуваат да го изгаснат огнот.
на на неколку места попладнево се појави