Денеска во Македонија, како и на целата северна хемисфера на планетата почнува есента. Доаѓа со нестабилно време и повремени врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат и над 20 литри на квадратен метар.
Од УХМР информираат дека денеска попладне и утре под влијание на влажен бран од Медитеранот, времето ќе биде претежно облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни (над 20 литри на квадратен метар), проследени со грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Есента ќе трае до 21 декември, кога настапува зимата.