Државната комисија за спречување корупција ја отфрли пријавата на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски во делот за наводното незаконско унапредување во наставно – научни звања на тројцата државни функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули, прогласувајќи се за ненадлежна.
Илиевски е незадоволен од одлуката на Антикорупциска и вели дека постапките ќе ги продолжи на суд.
„Оваа институција има задача да оцени дали има судир на интереси. Овие функционери биле унапредени во наставно-научни звања иако работните места им биле во мирување. Тие добивале и хонорари“, вели Илиевски.
Во исто време и комисијата на Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен се прогласи за ненадлежна да донесе одлука по неговата жалба за деградирањето на работното место.